Нема веќе да има печатени дневници во основно и средно

Нема веќе да има печатени дневници во основно и средно

03. 08. 2021.

Со новата учебна година, печатените дневници заминуваат во историјата.

Со новата учебна година, печатените дневници заминуваат во историјата. Имено, според информациите на Бирото за развој на образованието (БРО) печатени дневници повеќе нема да ги има и во основно и во средно образование, туку сите податоци ќе се запишуваат во електронскиот дневник.

Наставниците нема повеќе да имаат двојна работа, односно нема да мора истите податоци и оценки за учениците да ги внесуваат и во печатен дневник и во електронски дневник, информираат од Бирото за развој на образованието.

Имено, тие реагираа и дека многу често се случува да немаат интернет во училиштата, што ги попречува во исполнувањето на обврските со електронската евиденција

Околу 25.000 наставници и професори, колку што има во државава, мораа да ги внесат сите полугодишни оценки и сите изостаноци на секој ученик поединечно во електронскиот дневник.

Освен тоа, требаа редовно да ги внесуваат сите часови, активности, отсуства.

Од учебната 2021/2022 година во училиштата повеќе нема да има печатени дневници. Наставниците ќе ја водат педагошката евиденција во електронскиот дневник. Со ова им се излегува во пресрет на нивните долгогодишни реакции и барања да се растоварат од административна работа, која и онака е обемна.

И во основно и во средно образование повеќе нема да има печатени дневници. Сите податоци ќе се запишуваат во електронскиот дневник. Наставниците веќе знаат да пополнуваат електронски дневник, тој со години е дел од образовниот систем. На овој начин ќе се растоварат од обврската да водат двојна евиденција, појаснуваат во Бирото.

извор: republika.mk