Нова уредба:Пред маркетите задолжително да има редар и средство за дезинфекција

Нова уредба:Пред маркетите задолжително да има редар и средство за дезинфекција

16. 04. 2020.

Трговците се должни да ги обезбедат веднаш

Владата денеска донесе и Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба за поставување на ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично (во понатамошниот текст: објекти), за време на траење на вонредната состојба.

Согласно оваа Уредба трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот.

Уредбата определува дека трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот. Ознаките се поставуваат на растојание од два метри и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот.