Во Скопје, претпладне облачно, а попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Во следните неколку денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во снег. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец, а од петок ќе дува северен ветер. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
