Со неверојатни 9.023 делови и цена од 999,99 американски долари, или околу 850 евра, овој сет е најскапиот LEGO производ досега, надминувајќи ги претходните рекордери како UCS Millennium Falcon и AT-AT.
Луѓето главно незадоволни
За разлика од претходните модели, новиот сет не е обична сфера, туку детално пресекување на легендарната вселенска станица. Диорамата им овозможува на обожавателите да ги реконструираат некои од најпознатите сцени од оригиналната трилогија. Комплетот е полн со скриени детали и автентични елементи. Многумина на Instagram профилот на брендот изразија разочарување: „Не вреди тие пари“, „Не купувам“, „Разочарувачки“, „Ужасен дизајн“.
За да го заокружи искуството, Ѕвездата на смртта доаѓа со рекордни 38 минифигурички, најмногу досега во еден LEGO сет. Колекцијата ги вклучува сите клучни ликови, од Лук Скајвокер и Дарт Вејдер, до помалку познатите империски офицери, па дури и „Hot Tub Stormtrooper“, како забавна референца на LEGO Star Wars видео игрите.
Официјалното издавање на сетот е најавено за 4 октомври 2025 година, додека членовите на програмата LEGO Insiders ќе имаат можност да купат порано, од 1 октомври.
