Денес со Братислава, до крајот на месецот со Милано: Охрид со директни летови се поврзува со големи европски центри
Актуелно

Денес со Братислава, до крајот на месецот со Милано: Охрид со директни летови се поврзува со големи европски центри

3/17/2026

Од денеска 17 Март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, најави денеска во објава на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Алекандар Николоски.

Тој истакна дека овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.

„Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации“, нагласи Николоски и воедно додаде дека остануваат силно посветени на унапредување на авиосообраќајот и поврзување на Македонија со големите центри.

Извор: skopjeinfo.mk