Државата ќе дава 185 000 евра за мали и средни компании
Актуелно

Државата ќе дава 185 000 евра за мали и средни компании

5/19/2026

Повикот е отворен до 30 Јуни

Државата објави нов повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, со вкупен буџет од 11,34 милиони денари (185.000 евра).

Со мерката ќе се кофинансираат 40% од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200.000 денари по апликант.

Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година, а право на учество имаат компании со мнозински домашен капитал, како и занаетчии регистрирани согласно законските прописи.

Крајниот рок за аплицирање е 30 јуни 2026 година.

Покрај овој повик, најавени се и дополнителни мерки за поддршка на преработувачката индустрија. Една од нив предвидува кофинансирање до 70% од трошоците за воведување и сертификација на стандарди, со максимален износ до 200.000 денари по компанија.

Дополнително, ќе се поддржуваат и заеднички проекти помеѓу компании и универзитети, со цел поттикнување на иновации, технолошки развој и поголема конкурентност. За оваа мерка се предвидени 5 милиони денари, а кофинансирањето ќе изнесува до 70% од трошоците, односно максимум 500.000 денари по проект.

Надлежните ги повикаа сите заинтересирани компании и занаетчии внимателно да ги следат условите од јавните повици и навремено да аплицираат.

ОВДЕ АПЛИЦИРАЈТЕ