САКАТЕ РАБОТА ВО ТУРИЗМОТ? УГД организира обуки и стручни испити за три професии!
Актуелно

САКАТЕ РАБОТА ВО ТУРИЗМОТ? УГД организира обуки и стручни испити за три професии!

11/2/2026

Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организира обуки и полагање стручни испити за стекнување квалификации во туристичкиот сектор.

Заинтересираните ќе имаат можност да се стекнат со три видови квалификации:

- Уверение за туристички водич

- Уверение за туристички придружник

- Сертификат за раководење со туристичка агенција

Програмите се наменети за лица кои сакаат да ги надградат своите знаења, да стекнат стручни квалификации или да започнат професионална кариера во туризмот. Можноста е отворена и за оние кои веќе работат во туризмот, угостителството и сродните дејности.

Пријавувањето за новиот циклус е во тек, а полагањето на стручните испити е закажано за 28 ноември 2026 година.

Повеќе информации за условите, потребната документација и начинот на пријавување се достапни на официјалната веб-страница на Факултетот: ftbl.ugd.edu.mk/sertifikati-uverenija.

За дополнителни прашања, заинтересираните можат да пишат на pavlina.iceva@ugd.edu.mk.