НОВ УДАР ЗА ОНЛАЈН-КУПУВАЧИТЕ: Од денес поскапи пратките од Тему, Шеин и Алиекспрес во ЕУ
Актуелно

НОВ УДАР ЗА ОНЛАЈН-КУПУВАЧИТЕ: Од денес поскапи пратките од Тему, Шеин и Алиекспрес во ЕУ

11/2/2026

Од 1 ноември во Европската Унија стапува во сила нова административна такса од 2 евра за секој артикл во пратките што пристигнуваат од земји надвор од Унијата. Мерката ги опфаќа популарните онлајн-платформи како Тему, Шеин и Алиекспрес.

Новата давачка е наменета за покривање на трошоците за царински контроли и обработка на огромниот број мали пратки што пристигнуваат во ЕУ.

Оваа такса е одделна од царината од 3 евра за пратки со вредност под 150 евра, која се применува од 1 јули. Двете мерки имаат за цел да го регулираат увозот и да создадат порамноправни услови за трговците.

Важно е да се напомене дека новата такса не се применува автоматски и на нарачките во Македонија, бидејќи мерката се однесува на пратките што пристигнуваат во Европската Унија.