Велосипедските маршрути ќе ги опфатат Коњско, Стење, Ресен и селата долж западниот брег, како и јужниот дел на Преспа, сè до Маркова Нога кај Долно Дупени.
Проектот предвидува уредување и обележување на патеките, поставување патокази и информативни табли, како и изградба на видиковци, летниковци и места за одмор.
Целта е да се поттикнат велосипедизмот, планинарењето и одржливиот туризам, да се привлечат повеќе домашни и странски туристи и да се отворат нови можности за локалните бизниси.
Активностите се реализираат преку програмата „ЕУ за Преспа“, финансирана од Европската Унија и имплементирана од УНДП, во партнерство со национални и локални институции.
