Управата за јавни приходи (УЈП) сè уште нема објавено точен датум кога ќе започне исплатата за третото тримесечје, но средствата се очекува да бидат исплатени до крајот на месецот.
Максималниот поврат изнесува 2.100 денари по корисник. За македонски производи и услуги се враќаат 20 отсто од пресметаниот ДДВ, додека за останатите производи и услуги повратот изнесува 10 отсто.
Тоа значи дека едно четиричлено семејство може да добие вкупно до 8.400 денари, доколку сите членови го исполнуваат условот за максимален поврат.
Проверете ја трансакциската сметка пред исплатата
Од особена важност е корисниците да проверат дали во апликацијата „МојДДВ“ имаат внесено точна и активна трансакциска сметка.
Ова е особено важно за граѓаните кои во меѓувреме ја смениле банката или ја затвориле претходната сметка, бидејќи неточните податоци може да предизвикаат доцнење на исплатата.
