Топаловски објасни дека системот е усогласен со европските стандарди, според кои прекршок претставува секое надминување на пропишаната брзина, без разлика дали се работи за еден или повеќе километри на час.
„51 км/ч во градска средина, седумдесет во друга средина… системот мора да биде усогласен со овие граници. Ако, на пример, од сто илјади регистрирани прекршоци, најголем дел се за возење со 51 или 52 км/ч, системот ќе покаже дека тие вредности се репер за прилагодување. Но ако најмногу прекршоци се на повисоки брзини, тогаш прилагодувањето би било поинакво“, рече Топаловски.
Тој нагласи дека целта на „Сејф сити“ не е масовно казнување, туку зголемување на безбедноста, намалување на ризиците и спречување несреќи со потешки последици.
