Почнува продолжениот викенд: Понеделник неработен за сите!
Актуелно

Почнува продолжениот викенд: Понеделник неработен за сите!

05. 12. 2025.

Почнува викендот, а добрата вест е дека овој пат ќе биде подолг!

Понеделник, 8 декември – празникот „Св. Климент Охридски“ – е неработен ден за сите Македонци, па нè очекува продолжен тридневен викенд.

За граѓаните од католичка вероисповед, неработен ден до крајот на месецов ќе биде и 25 декември (четврток), првиот ден на Божиќ.

За припадниците на турската заедница, 21 декември (недела) ќе биде неработен ден по повод Денот на настава на турски јазик.