Македонските аеродроми со 23 нови авиолинии и раст на бројот на патници
Актуелно

Македонските аеродроми со 23 нови авиолинии и раст на бројот на патници

19. 02. 2026.

Во изминатиот период се воведени 23 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, со што значително е проширена мрежата на летови и достапноста на дестинации. Меѓу најновите линии се летовите кон Алгеро (Сардинија) и Палермо (Сицилија).

Според податоците, двата меѓународни аеродроми во Скопје и Охрид заедно опслужиле околу 3,5 милиони патници, што претставува стабилен раст на авио-сообраќајот во земјата. За тековната година се очекува бројот на патници да надмине 4 милиони, што би било нов рекорд за македонските аеродроми.

Во тек се и активности за воспоставување нови воздушни врски со дополнителни пазари, вклучително и можни директни летови кон дестинации на Блискиот Исток. Со проширувањето на мрежата на авиолинии се очекува подобра поврзаност на земјата, поголема мобилност на патниците и дополнителни можности за туризам и бизнис патувања.

Извор: biznisinfo.mk