Фрлија крапче, а добија рипче – административците етапно ќе добијат раст на платите!
Актуелно

Фрлија крапче, а добија рипче – административците етапно ќе добијат раст на платите!

01. 04. 2026.

По договорот кој беше постигнат на релација синдикати на администрацијата и влада сега се поставува прашањето кој што доби и дали некој изгуби?! Математиките на властите се дека околку 11 илјади вработени во администрацијата ќе добијат раст на плафтите за 40 отсто, не утре туку до 2028-ма.

Васта вели дека направила вин-вин ситуација. Практично, Велат властите дека со своите колеги воспоставиле договор и тој договор е со рок на траење до 2028 година. Претходно велат дека имале вакви договори со вработените во образованието, здравството и останатите институции, така што кога сето ова ќе се заокружи, од Владата сметаат дека ќе ги регулираат односите со сите колеги во рамките на институциите.

„Цениме дека една ваква вин-вин комбинација може двете страни да добијат, а најмногу граѓаните и државата, се разбира. Можеме да го направиме тоа со едно зрело работење и со доверба која, мислам, полека но сигурно со одредени структури во синдикатите ќе овозможи влада и синдикати да дојдат до едно заедничко решение“, велат од владата.

Од УПОЗ во пресметката на платите на вработените како компонента на платата останува минималната плата, а борбата за зголемување на минималната плата за сите работници продолжува сè до нејзино зголемување, а со тоа и зголемување на платите на сите работници што во својата пресметка на плата ја имаат минималната плата. Платата во единиците на локалните самоуправи може да се зголемува преку склучување поединечни колективни договори, велат синдикалците.  

„Покачувањето  ќе биде на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повтораме, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата и ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, велат од УПОЗ.

Од ССМ велат дека и во периодот што следи ќе бидат активни и ќе бараат на сите демократски начини подобрување на куповната моќ на работниците. Од најголемиот синдикат велат дека треба да се охрабрат сите работници од земјава без разлика на нивната висина на платите и да излезат на следниот првомајски протест и заеднички да испратат порака дека властите и работодавачите ќе мора повеќе да го ценат трудот на работниците.

Извор: denar.mk