Компаниите кои сакаат да опстојат, мора да се прилагодат, или ризикуваат да го изгубат најважниот кадар на иднината.
Додека претходните генерации беа подготвени да трпат рутина заради стабилност, Генерацијата Z има поинакви приоритети. Тие не бараат само работа, тие бараат смисла, флексибилност, ментална хигиена и автентичност. И повеќе не молчат кога нешто не им одговара.
Што сѐ се менува благодарение на Генерацијата Z?
- Флексибилно работно време и работа од далечина За Генерацијата Z, работата од 9 до 17 часот не е правило, туку застарена практика. Тие бараат можност да работат од каде што сакаат и кога сакаат, сѐ додека ги исполнуваат целите. Компаниите кои тоа не го нудат, губат таленти.
- Значењето на менталното здравје Генерацијата Z отворено зборува за анксиозност, стрес и синдром на прегорување. Очекуваат од работодавците да пружат поддршка – не само преку платено боледување, туку и преку психолошко советување, слободни денови за опоравување и здрава работна средина.
- Барање за транспарентност и вредности Нема да работат за компанија чии вредности не ги делат. Сакаат да знаат за што се залага фирмата, како ги третира своите работници, каков е нејзиниот еколошки отпечаток и како се однесува кон општествените теми.
- Дигитална писменост како стандард Заборавете на печатење документи и бесмислени состаноци – Генерацијата Z бара дигитална ефикасност. Компаниите мора да ги прилагодат алатките, процесите и комуникацијата на генерацијата која порасна со паметни телефони и TikTok.
- Побрзо напредување и јасна повратна информација Заборавете на „трпеливото чекање унапредување“. Генерацијата Z сака конкретни задачи, мерливи цели и брз фидбек. Ако не го добијат – заминуваат.
Кој ќе ја препознае промената, ќе ги добие најдобрите кадри
Генерацијата Z не ги менува само работните места, туку и корпоративната култура. Компаниите кои ќе се прилагодат не само што ќе привлечат нови таленти, туку ќе изградат поотпорен, похуман и помодерен деловен модел.
Во време кога сѐ се менува, Генерацијата Z покажува дека работењето може да биде попаметно и почесно.
Извор: rabotnik.com.mk
