Скопје нема да дише ни ноќе: Ел Нињо започнува побргу од што се надеваме, тропски ноќи и екстремни температури ова лето во Македонија и светот
Актуелно

Скопје нема да дише ни ноќе: Ел Нињо започнува побргу од што се надеваме, тропски ноќи и екстремни температури ова лето во Македонија и светот

20. 05. 2026.

Најновите ажурирања на прогностичките материјали од овој месец Мај 2026 укажуваат дека ни започнува силен Ел Нињо, Климатолошки феномен кој носи многу топли лета во Европа и на Балканот со екстремно високи температури, суши и силни временски непогоди кои голема е веројатноста да прераснат во Суперќелијски бури.

Во текот на летниме месеци ќе бидеме под силно влијание на Ел Нињо кој во Македонија ќе ни донесе екстремно топло лето со температури повисоки за 1 до 2 степени од повеќе годишниот просек. Исто така ова лето не чекаат чести и екстремни топлотни бранови кога температури насекаде ќе надминуваат 30/35 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминуваат 40 степени.

Секако во текот на екстремно топлото лето кое е пред нас ќе имаме и повремени освежувања во вид на нестабилност со поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на невреме и со пад на температурите на воздухот.

Исто така и оваа година тука се Суперќелијските бури кои ќе бидат присутни ширум Европа и Балканот кои би можеле да направат многу штети а одредени Суперќелијски бури може да прераснат дури и во торнадо. Повремени силни временски непогоди ова лето исто така очекуваме и кај нас во Македонија.

Да напоменам дека тука се и оние тропски ноќи кои често ќе ги имаме ова лето, односно тропски ноќи се кога температурите ниту во текот на ноќта нема да ни се спуштаат под 20 степени, особено ова важи за Скопскиот регион, Повардарието и за југоисточните предели од Македонија.

Извор: vecer.press