Според извештајот, просечната месечна потрошувачка на вода кај домаќинствата изнесувала 12,59 кубни метри, што е намалување за 0,33 кубни метри во однос на 2024 година. Најмала потрошувачка е регистрирана во југозападниот регион со 8,67 кубни метри, додека најголема во вардарскиот регион со 15,10 кубни метри.
Фактурираната количина на вода во 2025 година достигнала 36,95 проценти и останала речиси на исто ниво како и претходната година.
Најголем процент на неприходувана вода е регистриран во југозападниот регион – 73 проценти, додека најмал процент има во југоисточниот регион – 47,88 проценти.
Во извештајот се наведува и дека покриеноста со водоснабдување е зголемена во сите региони во споредба со 2024 година. Најголема покриеност има источниот регион со 92,58 проценти, а најголем раст од над три проценти е забележан во југоисточниот регион, каде покриеноста достигнала 87,50 проценти.
Од РКЕ посочуваат дека зголемувањето се должи на нови инвестиции и приклучување на помалите рурални водоснабдителни системи кон поголемите градски мрежи.
Во текот на 2025 година, РКЕ донела 34 решенија за утврдување тарифи за снабдување со вода за пиење, како и девет конечни регулаторни тарифи во случаи кога општинските совети не ги прифатиле предложените ценовни опсези.
Извор:skopje1.mk
