Од семејна приказна до бренд што го редефинира угостителството: Како Ragusa Group создаде систем што расте, вработува и ги полни термините до 2027 година
Актуелно

Од семејна приказна до бренд што го редефинира угостителството: Како Ragusa Group создаде систем што расте, вработува и ги полни термините до 2027 година

04. 05. 2026.

Во угостителството често се вели дека успехот зависи од добрата услуга, вкусната храна и препознатливата атмосфера. Но зад секој бренд што трае со децении, стои нешто многу поважно – систем.

Токму затоа, на годинашната манифестација „Работодавач на годината 2025“, организирана од Vrabotuvanje.com.mk, специјалната награда „Rebranding Growth“ заврши во рацете на Ragusa Group – компанија која покажа дека ребрендирањето не значи само ново име, ново лого или нов ентериер, туку храброст да се редефинираш, да поставиш нови стандарди и да го водиш пазарот.

При доделувањето на признанието беше истакната пораката што најдобро ја опишува нивната трансформација:

„Ребрендинг не е промена на изгледот… туку јасно позиционирање за иднината.

Ребрендинг е кога пазарот почнува да зборува за тебе… на нов начин.

Ребрендинг е кога не се менуваш за да преживееш – туку за да водиш.

Ребрендинг е кога не те препознаваат по тоа што си бил… туку по тоа што стануваш.“

Но зад ова признание не стои само добра приказна. Стојат конкретни одлуки. И уште поконкретни бројки.

Во процесот на трансформација, Ragusa Group донела стратешка одлука за редефинирање на брендот, нов идентитет и работа преку целата година, а резултатите веќе се видливи:

✔ 25% раст на бројот на настани

✔ 20% раст на бројот на вработени

✔ 558 реализирани настани во текот на 2025 година

✔ Во ек на сезоната, тимот расте и до 140 вработени

✔ Термините веќе се резервираат за септември 2027 година

Тоа не е случајност. Тоа е резултат на систем.

Од семеен бизнис до организација што не зависи од поединец

Приказната на Ragusa Group започнува како семеен бизнис. Но денес, компанијата функционира како структуриран систем со јасно дефинирани процеси, улоги и стандарди.

Гоце Голомеиќ, ко-сопственик на компанијата, вели дека вистинската пресвртница дошла во моментот кога сфатиле дека растот не може да зависи од постојана лична контрола.

„На почетокот, како и кај многу семејни бизниси, бевме силно вклучени во секојдневната оператива. Но, со тек на време сфативме дека вистинскиот раст не доаѓа од лична вклученост во секој детал, туку од создавање систем што ќе може да функционира самостојно,“ вели Голомеиќ.

Како семеен бизнис кој во 2028 година ќе одбележи 35 години постоење, Ragusa Group денес ангажира повеќе од 120 луѓе во текот на годината, од кои околу 60 се постојан тим.

Кога процесите стануваат посилни од поединецот

Во компанијата велат дека систематизацијата не е еднократен проект, туку секојдневен начин на размислување.

„За нас систем значи јасни правила, дефинирани процеси и прецизно распределени одговорности. Кога секој знае што е неговата улога, тогаш организацијата станува стабилна и предвидлива,“ објаснува Голомеиќ.

И токму тоа, според него, е најголемиот успех.

„Нашата цел отсекогаш била да изградиме бизнис кој не зависи од една личност. Тоа значи дека процесите мора да бидат посилни од индивидуалниот ангажман.“

Луѓето како најголема инвестиција

Иако бројките импресионираат, во Ragusa Group велат дека вистинскиот капитал се луѓето.

Во компанијата континуирано инвестираат во обуки, организација и развој на тимови, со јасна цел – секој член на тимот да знае што се очекува од него и како придонесува во целината.

„Можете да имате најдобро поставени процеси, но без квалитетен тим тие не значат ништо. Затоа вложуваме во луѓето, во нивната обука и во создавање средина каде што секој точно знае што се очекува од него,“ вели Голомеиќ.

Наместо брза експанзија – стабилен раст

Во индустрија каде многумина брзаат да растат, Ragusa Group избира поинаков пристап.

„Не ни е целта брз раст по секоја цена. Нашиот фокус е на поставување цврсти темели. Кога системот е стабилен, растот доаѓа природно како последица,“ вели Голомеиќ.

Следниот чекор: кетеринг како природно продолжение на системот

Еден од следните стратешки чекори на компанијата е развојот на кетеринг сегментот.

Но и тука, пристапот останува ист – прво структура, потоа раст.

„Кетерингот не го гледаме како нешто што почнува од нула, туку како логично проширување на системот што веќе го градиме со години. Кога еднаш ќе се постави системот, секој следен чекор е многу полесен и поодржлив,“ објаснува Голомеиќ.

Не создаваат само настани. Создаваат систем.

Денес, Ragusa Group не сака да биде препознаена само како место каде се слават најважните животни моменти.

Тие сакаат да бидат препознаени како компанија што знае како тие моменти да ги претвори во долгорочен, стабилен и одржлив бизнис.

И можеби токму затоа, наградата „Rebranding Growth“ оваа година не беше само признание за бренд.

Туку признание за компанија што не се менува за да опстане туку пример како локален бренд може да стане систем што го диктира пазарот.