Најлоша е состојбата во секторот за производство на месо, каде што минатата година останале непополнети 4.665 работни места, што е за 40 проценти повеќе од претходната година, пренесува Финанције.хр.
Меѓу главните причини е промената, поточно влошувањето на демографската слика, па така во 2024 година, 38 работници во тој сектор биле над 55 години, што значи дека се приближуваат кон пензионирање или неодамна се пензионирале.
Од друга страна, речиси и да нема млади луѓе кои би сакале да се вработат во тој сектор, а таков тренд е забележлив речиси цела деценија.
Анализата на Центарот за компетенции за обезбедување квалификувани работници (KOFA) открива дека од 2017 до 2024 година, бројот на вработени во производството на месо се намалил за 19 проценти.
Вториот најголем недостиг на работници на локалниот пазар е забележан кај возачите на багери и другите утоварувачи. Во 2025 година, над 1.500 вакви работни места останале непополнети, што е зголемување од 38 проценти на годишно ниво.
