По повеќе од една деценија изградба, автопатот Кичево–Охрид треба целосно да биде завршен до мај следната година
Актуелно

По повеќе од една деценија изградба, автопатот Кичево–Охрид треба целосно да биде завршен до мај следната година

16. 07. 2026.

Во моментов во употреба се околу 38 километри од вкупно 57, а до крајот на октомври се очекува да биде пуштена и делницата од Извор, преку тунелот, до Врбјани.

Паралелно, во втората половина на август треба да започне и изградбата на автопатот Скопје–Блаце. Проектот предвидува изградба на пет тунели, девет мостови и друга сложена инфраструктура низ пределот на Скопска Црна Гора.

Во септември, пак, се очекува старт и на работите на делницата Кичево–Букојчани.

Ако сè оди според планот, во наредните години Македонија би добила неколку нови автопатски врски. Дали мислите дека конечно ќе се возиме по нив во предвидените рокови?