Градинките во Центар од мај со нова цена: месечниот престој повисок за 710 денари
Актуелно

Градинките во Центар од мај со нова цена: месечниот престој повисок за 710 денари

02. 05. 2026.

Новата цена во Центар ќе важи за сите деца запишани во општинските градинки.

 

Од месец мај, родителите чии деца се згрижени во детските градинки на територијата на Општина Центар ќе плаќаат нова цена за месечен престој.

Согласно донесената одлука, цената се зголемува од досегашните 1.490 денари на 2.200 денари месечно по дете, што претставува зголемување од 47,6 проценти, односно 710 денари повеќе од досегашната цена.

За промената родителите веќе се известени од страна на градинките, а новиот ценовник ќе започне да се применува од месец мај.

Инаку, во дел од другите скопски општини цената за престој во градинка веќе изнесува 2.000 денари месечно, меѓу кои се и Карпош и Ѓорче Петров.

Новата цена во Центар ќе важи за сите деца запишани во општинските градинки.