Гром удри директно на преминот „Евзони“ – прекин на струјата ги остави туристите заглавени
Актуелно

Гром удри директно на преминот „Евзони“ – прекин на струјата ги остави туристите заглавени

24. 06. 2026.

Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница се соочува со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи.

Според објавите во Фејсбук групата „Грчка инфо“, по невремето дошло до сериозни проблеми во функционирањето на преминот, а патниците јавуваат за долги задржувања и отежнато одвивање на сообраќајот.

Како што наведуваат, агрегатите што се користат како резервен извор на електрична енергија не се доволни за напојување на сите уреди, поради што ситуацијата дополнително се усложнува.

Граѓани што вечерва треба да го поминат граничниот премин изразуваат загриженост поради состојбата и неизвесноста околу тоа колку долго ќе траат проблемите.

Од надлежните служби на Грција засега се уште нема официјални информации околу сериозноста на дефектот.

Извор:skopjeinfo.mk