Македонија има над 90 илјади невработени, а секоја втора фирма бара работници?!
Актуелно

Македонија има над 90 илјади невработени, а секоја втора фирма бара работници?!

02. 06. 2026.

Во време кога македонското стопанство не е имуно на глобалните случувања со недостатокот на работен кадар, состојбата со невработеноста никако да се подобри.

Промената на статистичките податоци се на ниво од еден до два проценти на годишно ниво, а тоа е премалку да се подобри состојбата на пазарот на труд.

Последниот извештај на Државниотг завод за статистика покажува дека како активно население во земјава се водат 797 884 лица. Од нив вработени се 707 385 лица, а невработени се 90 499 лица. Потоа стапката на активност изнесува 52.5. Податоците велат дека стапката на вработеност во Македонија изнесува 46.5, стапка на невработеност е 11.3.

„Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62.4 %, а жени 37.6 %. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0.3 %. Од вкупниот број вработени, 57.9 % се мажи, а 42.1 % се жени. Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94 197, што е за 4.3 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43.6 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.5 % во секторот Градежништво“, стои во извештајот на ДЗС.

Податоците од извештајот велат дека дури 24 отсто од малдите луѓе до 29 години се невработени, тоа е особено загрижувачки податок. Во однос на вработеноста во оваа категорија на граѓани стапката изнесува само 34 отсто, а од нив 40 отсто се мажи, а 28 се жени.

Извор: denar.mk