Последниот извешатј на Државниот завод за статистика покажува дека највисока стапка на слободни работни места од 4.94 % има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 %. Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.05 %.
„Почнувајќи од првото тримесечје од 2026 година, согласно со регулативите на ЕУ и препораките на Евростат, податоците за слободните работни места се објавуваат според новата Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.1. наместо според НКД, рев. 2.“, стои во извештајот на ДЗС.
Информациите кои може да се забележат од извештајот на статистичарите покажуваат дека во првото тромесечие од 2026 имало 10 247 слободни работни места.
Интересен е податокот кој е веќе објавен од страна на оваа институција, а тоа е дека во моментов во Македонија има над 90 илјади невработени лица. Преработувачката индустрија е таа која има најмногу потреба од нови работници односно во овој сектор има 2 174 слободни работни места. На второ место е трговијата, односно во овој дел од економијата се потребни 2067 работници.
Сместувањето и дејности со подготовка на храна имаа пореба од над 1000 нови вработувања. Нешто минимално повеќе се потребни и во административните дејности во компаниите од приватниот сектор и околку 500 нови работници во делот на комуникациите.
