РКЕ пред нова одлука за горивата, Владата очекува поевтинување на бензините
Актуелно

РКЕ пред нова одлука за горивата, Владата очекува поевтинување на бензините

30. 03. 2026.

Денеска Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата. Според пресметките на Владата, бензините треба да поевтинат за два денари, а цената на дизелот да остане иста или да биде зголемена за половина денар.

Премиерот Христијан Мицкоски во саботата изјави дека наалувањето на ДДВ ги дава поскауваните ефекти и дека ако има потреба ќе биде продолжена мерката или ќе се воведе нова мерка со акцизата.

Според Мицкоски, состојбата во земјава е стабилна и нема потреба од никакви ограничувања.

– Сега засега состојбата е стабилна и нема потреба од рестрикции. Намалувањето на ДДВ ја намали цената на горивата, рече Мицкоски.

Премиерот тврди дека имаме најевтини горива од земјите во регионот и дека затоа има зголемена побарувачка на гориво во пограничните места.

РКЕ минатиот понеделник ги определи малопродажните цени на горивата. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95, според одлуката на РКЕ, изнесува 86,50 денари/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 цената е 88,50 денари/литар. Малопродажната цена на дизелот е 95,50 денари/литар, а на Екстра лесно масло за 92 денари/литар.

Извор:provereno.mk