Најголем број студенти, 77.8 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека 22.2 % се запишале на приватните високообразовни установи.
Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 16 212 студенти или 29.5 % од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 14 995 студенти во прва година се запишале првпат.
