Едно прашање на социјалните мрежи отвори вистинска дебата: зошто навистина одиме на работа?
Прашањето беше едноставно: „Дали на работа одите само за плата… или ви е важно и да ви биде убаво таму?" Одговорите – ниту малку. Во 72 коментари се вмешаа горчина, хумор, животна мудрост и неколку остри удари кон системот.
„Дома ме нервираат, на работа ме нервираат – барем ме плаќаат"
Еден корисник го погоди тонот на целата дебата уште на почетокот: „Од дома бегам да не ме нервираат. До душа и на работа ме нервираат, но барем ме плаќаат за тоа." Друг, пак, сосема директно признал дека оди за муабет – бидејќи дома со сите е скаран. Имаше и такви кои работното место го претвориле во фитнес центар: „За рекреација одиме – дома не ни се седи."
Мнозинството коментари покажуваат дека парите се незаобиколен услов, но не и единствен. Работната средина, колегите, атмосферата – се тоа работи кои многумина ги ставаат рамо до рамо со висината на платата. „Нема мир" е реченица која се повторува во варијации низ десетици коментари.
Едновремено, реалниот притисок е неминовен: „Одиме за да преживееме и сметки да платиме – за луксуз, еее, тоа бешe?"
Не сите коментари беа хумористични. Повеќемина зборуваа за психолошко малтретирање, страв од отпуштање и токсична работна средина. „Ако те малтретираат психички, зошто да им правиш за некои пари кога не те ценат?" – прашува еден корисник. Некои отидоа уште подалеку, опишувајќи партиски вработени кои „поспијат, прошетаат, па пак прошетаат до работа."
Заклучок: Мир во душата + фер плата = рецептот
Ако треба да се извлече заеднички именател, тоа би звучело вака: работиме за пари, но остануваме заради луѓето и атмосферата. Или, накратко, онака како што вели еден краток но точен коментар: „Ако не е убаво, džabe е и платата."
Македонскиот работник, изгледа, не бара многу – само плата со која може да живее и колеги со кои може да издржи.
