4 отворени позиции во Вега Фармацеутикал Логистикс!
Актуелно

4 отворени позиции во Вега Фармацеутикал Логистикс!

30. 04. 2026.

Кој е Вега Фармацеутикал Логистикс ?

 

Вега Фармацеутикал Логистикс е една од водечките веледрогерии во регионот и дел од силна регионална фармацевтска групација со присуство на повеќе пазари во Југоисточна Европа. Компанијата работи во областа на увоз, складирање, продажба и дистрибуција на лекови, медицински помагала, диететски производи, козметика и други производи за здравствена нега, обезбедувајќи сигурен и ефикасен синџир на снабдување.

По успешно реализираната интеграција на Феникс Фарма во рамки на групацијата Вега, компанијата денес дополнително го зацврстува своето присуство на македонскиот пазар, продолжувајќи да инвестира во логистика, луѓе и развој на тимови.

Во моментов компанијата има отворени позиции во Скопје:

Референт за сметководствена евиденција на побарувања
 Лице за одвојување и складирање на лекови
Возач – експедитор
Хигиеничар/ка

Доколку сакате да бидете дел од стабилен систем, интернационална групација и индустрија која секојдневно влијае врз здравјето на луѓето — ова може да биде вашиот следен професионален чекор.

Погледнете ги сите активни огласи и аплицирајте.