Според правилата, сопствениците што изнајмуваат сместување преку овие платформи ќе мора да ги регистрираат своите имоти и да добијат официјален регистрациски број. Платформите, пак, ќе бидат обврзани да ги проверуваат тие броеви, да ги прикажуваат јавно на огласите и редовно да споделуваат податоци со надлежните институции.
ЕУ објаснува дека целта не е забрана на краткорочното изнајмување, туку намалување на сивата економија, подобра наплата на даноци и полесна контрола на нелегалните сместувања. Локалните власти ќе добиваат информации за бројот на резервации, времетраењето на престојот и активноста на изнајмувачите.
Новите мерки доаѓаат поради сè поголемиот притисок врз пазарот на недвижности во европските градови, каде што туристичките апартмани често го намалуваат бројот на станови достапни за долгорочно живеење. Во некои градови веќе постојат ограничувања за бројот на денови во кои смее да се изнајмува сместување преку вакви платформи.
Извор:makfax.com.mk
