Според анализите, официјалната бројка на невработени не ја отсликува целосно реалната состојба. Доколку се исклучат околу 30.000 лица кои се занимаваат со земјоделство, а формално се водат како невработени, како и дел од младите кои се уште се во образовниот систем, реалниот број на невработени се проценува на околу 40.000 до 45.000 лица.
Тоа би значело дека стапката на невработеност изнесува околу 5% од работоспособното население, што претставува најниско ниво досега.
