Една од предложените мерки е даночно олеснување за мајките, со кое би се овозможило намалување или поврат на данокот во одреден период по раѓање на дете.
Покрај тоа, се разгледуваат и активности како поддршка за семејствата, подобрување на условите за живот и подигнување на јавната свест за демографските предизвици.
Податоците покажуваат континуиран пад на наталитетот. Во 2024 година во земјата се родени околу 16.000 деца, што е значително намалување во споредба со претходните децении. Стапката на фертилитет изнесува околу 1,44 деца по жена, што е под нивото потребно за природен раст на населението.
Според Евростат, сличен тренд се забележува и во Европа, каде што бројот на новороденчиња и стапката на фертилитет продолжуваат да опаѓаат.
Овие податоци укажуваат на сериозни демографски предизвици и потреба од долгорочни решенија за стабилизирање на населението.
