Планирана е едукативна кампања за подигнување на свеста кај граѓаните, како и поставување камери на критични локации за подобар надзор и санкционирање на прекршителите. Дополнително, се нагласува потребата од поголема вклученост на полицијата, со оглед дека во 2025 година не биле изречени казни за нелегално фрлање отпад.
Како клучно решение се посочува изградба на собирен центар за кабаст и опасен отпад, додека инспекциските служби се соочуваат со административни и законски пречки, особено при постапување на приватни имоти.
На територијата на општината се евидентирани околу 60 диви депонии, кои треба системски да се мапираат и управуваат со дигитални алатки.
Депонијата „Буково“, која постои повеќе од 55 години, останува сериозен еколошки проблем. Надлежните најавуваат нејзино затворање и пренасочување на отпадот кон нова регионална депонија во Новаци, која треба да ги исполни современите еколошки стандарди. Паралелно, се планира отворање и на други регионални депонии низ државата, како дел од поширок систем за управување со отпад.
