Историски гледано, за време на нафтената криза во 1974 година биле потребни 6,3 минути работа за еден литар, додека во 1960 година – дури 14 минути. Иако цената на бензинот пораснала седумкратно, платите пораснале речиси 20 пати, што значи дека куповната моќ значително се подобрила.
Сепак, економистите предупредуваат дека ситуацијата може да се промени поради актуелната криза поврзана со Иран. Доколку цената на бензинот достигне 2,30 евра по литар, просечниот работник во Германија би требало да работи 5 минути и 24 секунди.
Македонскиот работник
Сликата е поинаква во Македонија, каде куповната моќ е значително пониска.
Според актуелните цени:
- Еуросупер БС-95: 84 денари/литар
- Еуросупер БС-98: 85,5 денари/литар
- Еуродизел: 95,5 денари/литар
Ако се земе предвид просечна нето плата од околу 40.000 денари и 174 работни часа месечно, тоа значи дека:
- еден час работа вреди околу 230 денари
- една минута работа вреди околу 3,8 денари
Со оваа пресметка:
- за 1 литар бензин (84 денари) потребни се околу 22 минути работа
- за 1 литар дизел (95,5 денари) потребни се околу 25 минути работа
Ова значи дека македонскиот работник мора да работи 4 до 5 пати подолго од германскиот за да си дозволи ист литар гориво.
Разликата јасно ја покажува нееднаквоста во куповната моќ, а со оглед на глобалниот раст на цените на енергенсите, експертите предупредуваат дека притисокот врз домашните буџети може дополнително да се зголеми во наредниот период.
