Десет нови кандидати ќе се обучуваат за пилоти со поддршка од државата
Актуелно

Десет нови кандидати ќе се обучуваат за пилоти со поддршка од државата

01. 08. 2025.

Десет кандидати од земјава добија уверенија за започнување обука за пилоти, со кофинансирање до 50% преку Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Целта на оваа програма е надминување на недостигот од стручен воздухопловен кадар и поддршка на развојот на воздухопловството во Македонија.

Од избраните кандидати:

• 7 ќе се обучуваат за приватен пилот на авион (PPL-A SEP land),

• 2 за пилот на ултралесни летала (ULPL),

• 1 за пилот на едрилица (SPL), по програма со аерозапрега.

Повикот за кофинансирање беше објавен на 1 јули, а предвиден е за вкупно 27 лица. По завршеното тестирање, првата група од десет кандидати започнува со обука.

Покрај основните лиценци, најавени се и повици за напредни воздухопловни обуки. Иницијативата исто така има за цел да придонесе кон оживување на аероклубовите и спортските аеродроми, кои историски одиграле важна улога во создавањето на кадар за одбранбени и безбедносни институции.

Обуките опфаќаат професионални и спортско-рекреативни програми, како поттик за млади таленти и тимови што постигнале успеси на европски и светски воздухопловни натпревари.

Извор: utro.mk