Невработеноста се намали во сите словенечки региони, особено во Нови Место, Мурска Собота и Крањ.
Кога станува збор за структурата на невработените, мнозинството сè уште се оние над 50 години и долгорочно невработените, иако и овие две категории невработени се во опаѓање.
Словенија се соочува со сериозен недостиг на работна сила. Во текот на последниот месец беа објавени илјадници слободни работни места. Главно во образованието, кое има најголема потреба од наставници и едукатори.
Исто така, има недостиг од работници во градежништвото, угостителството, здравството и преработувачката индустрија, поради што компаниите се принудени да бараат работници надвор од границите на Словенија.
Извор: faktor.mk
