Во автомобилската бранша обично привлекуваат внимание милионските суми што им се исплаќааат на извршните директори. Но, Порше сега објави детални податоци за структурата на плати во целата компанија, од најниски до највисоки плати.
Околу девет илјади вработени се наградени за својот труд со преку 100.000 евра годишно. Во оваа група спаѓаат 201 службеници чијашто плата надминува 300.000 евра. Над половина милион плата годишно имаат 28 вработени.
Повисоко од тоа постигнуваат единствено тројцата вработени што не се членови во управниот одбор, и на компанијата ѝ се вредни над еден милион евра годишно. Податоците ги објави гласникот на автомобилската индустрија во земјата, Аутомобилвохе.
Од овој состав се покажува дека голем дел од вработените примаат плати што се далеку над германскиот просек. Според статистиката, просекот во минатата година изнесувал 54.066 евра.
Големи разлики меѓу секторите
Германскиот портал за вработувања Кунуну ги објави платите во Порше, што се под 100.000 евра. Проект менаџери добиваат во просек 91.800 евра годишно, на инженерите им следат 83.400 евра, менаџери за човечки ресурси се платени 80.000 евра, во набавки се добиваат 75.600 евра, службеници 61.700 евра, работници во производство 58.200 евра и логистика 51.300 евра. Порталот ги добива овие податоци од вработените.
Платите во управниот одбор се друга димензија
Објавените податоци важат само за вработените што не спаѓаат во управата. Платите за шефовите се објавуваат посебно. За минатата година, тогашниот шеф Оливер Блуме добил надомест од 1.901.051 евра. Поради неговата двојна улога, вклучувајќи и шефување со целиот концерн, платата на Блуме во Порше беше пониска од останатите одборници. Најголема плата лани доби шефот за развој Михаел Штајнер, во висина од 2.122.412 евра.
