Според директорот на СОЗР, Ивица Томовски, мерката веќе дала конкретни резултати. Тој во гостување на МРТ 1 изјави дека по воведувањето на обоените регистарски таблички, злоупотребите на службените возила се намалени за околу 70 проценти.
„Иако резултатите се охрабрувачки, сè уште има поединечни случаи на прекршувања, најчесто кај пониските ешалони во администрацијата“, рече Томовски.
Тој ги повика граѓаните активно да ги пријавуваат сите неправилности што ќе ги забележат.
Пријавите можат да се достават на:
? 070 399 050
? prijavizloupotreba@sozr.gov.mk
Обоените регистарски таблички беа воведени со цел службените возила полесно да се препознаваат во сообраќајот, да се зголеми транспарентноста и да се спречи нивната злоупотреба за приватни цели.
