КОНЕЧНО! Тунелот под „Лимак“ се поврзува со Јужен булевар – еве што ќе се смени за возачите
Актуелно

КОНЕЧНО! Тунелот под „Лимак“ се поврзува со Јужен булевар – еве што ќе се смени за возачите

07. 07. 2026.

Во наредните десетина дена треба да започне втората фаза од проектот за поврзување на подземната сообраќајница под „Лимак“ со булеварот „Македонија“, со што ќе се овозможи директна врска кон Јужниот булевар. Во рамки на проектот е предвидена и изградба на кружни текови на влезот и излезот од тунелот.

Според информациите од Град Скопје, првата фаза веќе е завршена и опфати проширување и реконструкција на дел од околните улици за да можат да го примат зголемениот сообраќај.

Од градската администрација очекуваат новото сообраќајно решение да придонесе за намалување на метежот во централното градско подрачје, побрзо движење и подобра поврзаност меѓу општините.

Паралелно продолжуваат работите и на други инфраструктурни проекти во Скопје, меѓу кои клучката „Момин Поток“, делницата од булеварот „Борис Трајковски“, како и мостовите на „Љубљанска“ и „Генерал Михајло Апостолски“.

Извор: vecer.press