Јавното претпријатие Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година, нема да сообраќаат возовите:
- на релација Скопје – Гевгелија - 611 (6:20) и 631 (16:55),
- на релација Гевгелија – Скопје - 630 (4:30) и 632 (17:02),
- на релација Скопје – Битола - 641 (7:06) и 645 (20:05),
- на релација Битола – Скопје - 640 (3:10) и 644 (18:22),
- на релација Битола – Велес - 642 (12:46),
- на релација Велес-Битола - 643 (15:25),
- на релација Скопје – Велес - 2083 (22:40) и
- на релација Велес – Скопје - 600 (5:00).
