Во истражувањето биле опфатени повеќе од 130.000 луѓе, следени со децении. Резултатите покажале дека оние кои пиеле две до три шолји кафе дневно, односно внесувале до околу 300 милиграми кофеин, имале околу 18% помал ризик од деменција во споредба со лицата кои не внесувале кофеин или го внесувале во помали количества.
Кај умерените консументи на кафе биле забележани и помалку проблеми со меморијата и побавно опаѓање на когнитивните функции.
Сепак, истражувањето покажува поврзаност, а не доказ дека кафето спречува деменција. Врз когнитивното здравје влијаат и возраста, генетиката, физичката активност, исхраната, спиењето и други фактори.
Научниците нагласуваат дека повеќе кафе не значи и поголема корист, а кај некои луѓе поголемото количество кофеин може да предизвика несоница, забрзано чукање на срцето или анксиозност.
