Philip Morris Tutunski Kombinat Prilep нуди почетна нето плата од 33.960 денари, можност за работа во интернационално и динамично работно опкружување и унакатни можности за развој и професионален раст. Доколку имате минимум средно образование, најмалку 1 година релевантно работно искуство (предност во FMCG индустрија) и познавање на MS Office и англиски јазик, аплицирајте на огласот за Business Building Executive бидејќи вие сте идеалниот кандидат!
Службен автомобил, службен телефон и плата до 1000 евра се само дел од условите кои ги нуди компанија Topsting за вработување на позиција Assistant Manager. Инаку, Topsting е производител на челични плочи наменети за покриви и ѕидови на згради.
Еуробио Агро Фармаси, странска компанија за инвестиција во фармацевското производство, во своите канцеларии во Македонија има потреба од кандидати на следните работни позиции: Економист, Асистент на директорот за правни прашања, Асистент на директорот за економски прашања, Правник/Приправник и Технички секретар. Компанијата нуди плата од 18.000 до 50.000 денари, работа во позитивна работна атмосфера со отворена комуникација и можност за напредување.
Дали си маркетинг експерт кој сака да работи во нова динамична средина со регионални експерти во дизајн, ПР, комуникации и дигитален маркетинг? Доколку ова ти звучи примамливо, маркетинг агенцијата Block and Roll има потреба од искусен Account Manager кој ќе работи со кул клиенти во динамична средина која нуди напредок, а за тоа ќе добива супер плата.
Сакате да заработувате 2000 – 3000 долари месечно? Да патувате низ целиот свет и да градите меѓународна кариера? Пријавете се и остварете ги вашите соништа со Steiner London. Отворени се следните работни позиции: Доктори специјалисти за ботокс и филер, Козметичари, Масери, Фитнес инструктори и Фризери.
Луксузниот Skopje Marriot Hotel нуди нова можност за вработување на голем број работни места: Housekeeper – Собар/ка, Maintenance - Електричар, Waiter – Келнер/ка, Maintenance / Хаусмајстор, Spa Therapist – Козметичар/ка, Steward – Садомијач/ка,
Доколку сте на самиот почеток од вашата кариера и притоа барате искуство преку кое ќе ја видите пошироката слика на бизнисот, тогаш програмата Atlantic’s Graduate Trainee на Атлантик Група е токму она што го барате. AGT е 12-месечна програма наменета за штотуку дипломирани студенти во потрага по своето прво работно место. Како Trainee ќе имате можност да искусите како е да се работи во голема компанија и какво е чувството кога ќе ја добиете првата примамлива плата. Аплицирајте на еден од повиците: Graduate Trainee in Procurement – Distribution Unit Macedonia / Skopje, Macedonia, Graduate Trainee in Brand Operations Management – Distribution Unit Macedonia / Skopje, Macedonia и Graduate Trainee in Quality Control – Strategic Business Unit Coffee / Skopje, Macedonia.
Меѓународното училиште НОВА е водечка ко-едукативна образовна институција составена од 160 професионалци кои доаѓаат од 11 земји, вклучувајќи ги Македонија, Велика Британија, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Станете дел од тимот на НОВА со испраќање на вашата апликација на огласот за Fees and Budgets Coordinator.
Медис д.о.о. Претставништво Скопје кое е дел од меѓународната компанија Медис со седиште во Љубљана веќе 30 години се занимава со маркетинг на иновативни лекови и медицински средства. Со повеќе од 300 вработени кои се високообразовани стручни кадри, пред се од природните науки, во десет држави од централна Европа и на Балканот, компанијата остварува проекти и ги спроведува и ги следи успесите од своите активности. Доколку се гледате себеси во компанија каде што задоволството и ангажманот на вработените се најважен дел од бизнисот, пријавете се на огласот за Стручен соработник за промоција на лекови, ОТЦ препарати и диететски суплементи.
Socotab DOOEL Bitola, име зад кое стои долга историја, традиција, успешност, иновативност, бренд во индустријата за откуп и преработка на тутун, вработува и охрабрува да станете дел од нивната успешна приказна. Се бара ИТ Специјалист со искуство во одржување на системи и обезбедување на корисничка поддршка кој сака да работи во компанија која нуди конкурентна плата и бенефити, можност за соработка со тимови од други земји, континуирана можност за развој (преку коучинг, обуки, сертифицирање) и баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.
Prima Group, хрватска компанија со 58 продажни салони во Хрватска, 8 во Македонија и дури 2.000 вработени е во потрага по Директор за малопродажба и маркетинг за Македонија. Компанијата обезбедува богата бенефициска програма која вклучува: наградување врз основа на развој на лични компетенции и придонес во компанијата, службен автомобил (на располагање 24/7), личен лаптоп, службен мобилен (со платени трошоц) и друго.
Британски совет е меѓународна организација од Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности која работи на шест континенти и во повеќе од 100 земји. Во својата подружница во Република Македонија, Британски совет објавува оглас за вработување на Раководител на грантови (м/ж). Пријавете се најдоцна до 12.12.2019.
Не успеавте да пронајдете нешто за себе? Над 350 активни огласи ве чекаат тука.

