Леарницата на компанијата „Крaнфилд Фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип официјално почнува со работа.
Во леарницата треба по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија да се леат делови за автомобилската индустрија.
Инвестицијата е околу 15 милиони евра, а се очекува етапно вработување на околу 300 лица. Во првата фаза е предвидено вработување на 150 лица, од кои 50 работни места се за лица со високо образование.
Леарницата се простира на површина од околу осум хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на вкупно 15 илјади метри квадратни.
Станете дел од тимот на Кранфилд Фаундри

