Поради натпревар во автомобилизам викендов прекин во сообраќајот на патниот правец кон Пониква

Поради натпревар во автомобилизам викендов прекин во сообраќајот на патниот правец кон Пониква

03. 09. 2022.

Сообраќајот на патниот правец од кочанското село Бејли кон Пониква ќе биде затворен денеска и утре поради одржување меѓународен натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки.

Автомотосојузот информира дека патниот правец денеска и утре ќе биде затворен од полицијата во 10 часот.

Од 12 часот денеска ќе се одржуваат тренинзите, а утре од 12 часот ќе се одржува натпреварот. Патниот правец двата дена ќе биде затворен до завршување на тренинзите и натпреварот. 

извор: 24.mk