70 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Веро и Џамбо се шират во уште еден македонски град

70 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Веро и Џамбо се шират во уште еден македонски град

15. 02. 2023.

Во новиот „Веро“ маркет и продавницата „Џамбо“ ќе се вработат 70 лица, а трговскиот објект со супермаркет ќе има современа архитектонска градба и атрактивен облик на површина од 5.000 метри квадратни

Познатите трговски брендови „Веро“ и „Џамбо“ доаѓаат во Струмица. Градоначалникот на Струмица денеска му го предаде одобрението за градба на сопственикот на компанијата „Веропулос“, Николаос Веропулос.

Би можело да ве интересира: Кои половни автомобили на пазарот најчесто имаат враќана километража?

Инвестицијата изнесува три милиони евра, а ќе се реализира во северниот дел од градот во новопланираната станбена зона, покрај магистралниот пат на излезот од Струмица кон Василево.

Во новиот „Веро“ маркет и продавницата „Џамбо“ ќе се вработат 70 лица, а трговскиот објект со супермаркет ќе има современа архитектонска градба и атрактивен облик на површина од 5.000 метри квадратни.

Со 300 маркети брендот „Веро“ е еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало на Балканот.

извор: mia.mk