Во јавноста често се зборува за тоа колку „реално“ заработуваат работниците, но поретко се гледа целата слика од страната на работодавачите. Факт е дека голем дел од компаниите во Македонија реално исплатуваат плати повисоки од 1.000 евра, но системот на придонеси и даноци значително го намалува износот што на крај легнува на сметките на вработените.
Во Македонија, просечната бруто плата изнесува 68.392 денари, но износот што реално го добиваат работниците на сметка е значително понизок. Разликата настанува поради задолжителните придонеси и данокот на личен доход.По сите одбивања, нето платата што му останува на работникот изнесува:45.345,02 денари
Овој пример покажува дека повеќе од една третина од бруто платата оди на давачки, што е клучно за разбирање на разликата меѓу бруто и нето износот.
Колку навистина го чини Работодавачот да ви даде плата од 61.000 денари „на сметка“?
Ако работодавачот сака на вработениот нето да му легнат 61.000 денари, пресметката изгледа вака:
- Потребна бруто плата: ≈ 92.556 денари
- Вкупни придонеси (28%): ≈ 25.916 денари
- Оданочен износ (по придонеси и лично ослободување): ≈ 56.370 денари
- Данок на личен доход (10%): ≈ 5.637 денари
- Нето плата: ≈ 61.000 денари
Тоа значи дека за работник да добие 61.000 денари на сметка,(1000 евра) работодавачот треба да обезбеди речиси 93.000 денари бруто плата.
Каде настанува проблемот?
Работодавачите често се перцепираат како тие што „не сакаат да платат повеќе“, но бројките покажуваат поинаква реалност:
разликата меѓу тоа што фирмата го плаќа и тоа што работникот го добива ја креира системот на давачки.28% од вашата заработка оди на давачки тоа е реалната слика
