Минималната плата е под прагот на сиромаштија: Сојузот на сидикати најавува протести, штрајкови и блокади.
Актуелно

Минималната плата е под прагот на сиромаштија: Сојузот на сидикати најавува протести, штрајкови и блокади.

15. 01. 2026.

Според официјалните бројки, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, а прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра. „Едно четиричлено семејство месечно треба да располага со најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно“, велат од ССМ.

Минималната плата во Македонија и понатаму е под прагот на сиромаштија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, на кои се повикува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во реакцијата на нивниот официјален Фејсбук профил.

Според официјалните бројки, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, а прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра.

Тоа значи дека едно четиричлено семејство месечно треба да располага со најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно“, стои во реакцијата.

Од ССМ реагираат дека Владата планира минималната плата да се зголеми за околу 25 евра и да изнесува приближно 26.000 денари, што е за околу 5.200 денари под прагот на сиромаштија.

Тоа значи дека работниците ќе одат на работа, а ќе останат сиромашни“, наведуваат од Синдикатот.

Во исто време, ССМ посочува дека платите на функционерите ќе се зголемат за 200 до 300 евра во февруари, согласно Законот за плата и други надоместоци на пратениците и избраните и именувани лица, каде што платата се пресметува врз основа на просечната плата во државата и годините работен стаж.

Функционерите ги оставаат работниците сами да преговараат со работодавачите, додека нивните плати автоматски растат“, реагираат од ССМ.

Според синдикалните пресметки, на едно работничко семејство му се потребни најмалку 2,6 минимални плати за да ги покрие основните трошоци, односно една синдикална минимална кошница. Од друга страна, еден функционер со својата плата може да си дозволи две до две и пол такви кошници.

Од ССМ најавуваат протести, штрајкови и блокади во втората половина на јануари, иако точниот датум не е прецизиран.

Барањата на Синдикатот се минимална плата од 600 евра и зголемување од по 100 евра на сите останати плати.

Извор:meta.mk