Нови правила за летната сезона во Грција: Туристите да внимаваат за да избегнат високи казни
Актуелно

Нови правила за летната сезона во Грција: Туристите да внимаваат за да избегнат високи казни

15. 04. 2026.

Летната туристичка сезона се приближува, па важно е туристите од Македонија да се потсетат на правилата што важат во Грција, една од најпосетуваните дестинации, бидејќи нивното непочитување може да резултира со високи парични казни.

Грчките власти ги заострија контролите, па дури и навидум безопасни работи можат да донесат сериозни санкции.

Забрането носење штикли

На историски локалитети како Акропол постои строга забрана за носење обувки со високи потпетици. Причината е заштита на древниот мермер, кој трпи оштетувања од милиони посетители секоја година.

Доколку не го почитувате правилото, обезбедувањето може да ве запре, да побара да ги соблечете чевлите или дури да ви забрани влез. Во одредени случаи, казната може да достигне и до 900 евра.

Строги правила во сообраќајот

Уште построги се правилата во сообраќајот. Во Грција важат строги закони за заштита на децата од пасивно пушење.

Ако полицијата затекне лице што пуши во возило во кое има дете помладо од 12 години, казните се високи:

1.500 евра за приватно возило

до 3.000 евра за службено или изнајмено возило

Дополнително, на возачот му се одзема возачката дозвола на еден месец, без разлика кој пушел.

Казни во сообраќајот

Во пресрет на сезоната се очекуваат засилени контроли и нови технологии, вклучително и камери што автоматски ги бележат прекршоците.

Најчести казни:

Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра

Пречекорување брзина до 20 км/ч – 100 евра

Поминување на црвено светло – 700 евра

Неврзан појас – 350 евра

Користење мобилен телефон – 100 евра

Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра

Одземање таблички и дозвола

Паркирањето на забранети места, особено во близина на плажи и туристички центри, може да резултира со веднаш одземање на табличките.

Покрај паричната казна:

возачката дозвола може да се одземе до 10 дена

сообраќајната дозвола и до 20 дена

Забрана за допирање експонати

Во музеи и археолошки локалитети строго е забрането допирање експонати, без разлика дали се на отворено или во затворен простор.

Внимание со водата

Во летниот период, поради ограничени ресурси, важат рестрикции за користење вода. Не е дозволено миење автомобили во дворови или на улица, а на некои места е ограничено дури и наводнување.

Клима уреди – не ги оставајте вклучени

Сопствениците на сместувања предупредуваат дека оставањето на климата вклучена цел ден додека туристите се на плажа создава огромни трошоци и негативно влијае врз животната средина.

Климата може да ја разлади просторијата за неколку минути, па затоа нема потреба да работи цел ден.

Извор: faktor.mk