Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, појасни дека станува збор за софтвер со отворен код кој ќе гарантира целосна приватност.
Апликацијата е дизајнирана да не собира лични податоци и да не дозволува следење на корисниците, а нејзината главна цел е да го ограничи пристапот на децата до несоодветни содржини. Според најавите, ова решение ќе биде достапно за користење во сите земји во светот.
