ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА ХРАБРИТЕ: РАБОТА СО ПРЕСЕЛБА ВО МИРНА СРЕДИНА
Издвоени огласи

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА ХРАБРИТЕ: РАБОТА СО ПРЕСЕЛБА ВО МИРНА СРЕДИНА

15. 01. 2026.

Дали сте подготвени да направите голем чекор и да започнете ново поглавје во мирна и уредена средина во околината на Свети Николе и Куманово?

Бауер Инвест Гроуп е реномирана странска компанија во областа на фармацијата, која со години гради успешна приказна темелена на доверба, знаење и вложување во луѓето. Тука, секој вработен е дел од стабилна и позитивна работна средина, каде што професионалниот тим не е само поддршка, туку и поттик за постојан напредок и личен развој. Во таква атмосфера, секојдневно се создаваат услови да го дадете најдоброто од себе и да растете заедно со компанијата.

  Ако сте подготвени за промена и нов професионален предизвик – сега е вистинскиот момент!

Аплицирајте и станете дел од Бауер Инвест Гроуп – компанија која верува во луѓето и заедно со нив создава успех. Отворените работни позиции разгледајте ги на линкот:

1. ДОМАЌИН (м/ж)

Може да биде машко или женско лице, кое ќе се грижи за дворот и просториите и домаќински ќе го одржува објектот. Нудиме обезбедено сместување и потребно е лицето да престојува таму одреден период, со можност да оди дома еднаш месечно. Објектот се наоѓа помеѓу Свети Николе и Куманово. Кандидатот може да биде од внатрешноста на Република Македонија.

2. ЧУВАР 

Чуварот може неколку дена да биде присутен во објектот, а потоа неколку дена да си оди. Предност имаат кандидати од Свети Николе и Куманово.

3.РАКОВОДИТЕЛ 

​Раководител во областа на земјоделието, односно во земјоделска задруга. Пожелно е да има основно познавање од земјоделските работи, а најважно е да ја сака работата и да има искуство во земјоделството. Образованието не е задолжително. Нудиме одлични услови за работа, со можност за престој во нашите простории.