Како што посочија од ЈСП, причината била прекин на електричната енергија на крајната станица кај Милениумски крст.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и по санацијата на дефектот на дистрибутивната мрежа и нормализирањето на испораката на електрична енергија, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, додадоа од ЈСП и воедно се заблагодарија на разбирањето.
